| Freedom not Fear 2009 - Повик за акција |
|
|
|
Продолжува да се шири лудилото со надзорот. Надзорот, а особено надзорот на работното место, сè повеќе се зголемува. Се врши надзор на вработените во нивната работна околина, а понекогаш и нивниот приватен живот е под надзор. Истовремено, владините институции не пропуштаат ниту една прилика да нè регистрираат, контролираат и набљудуваат. Без разлика што правиме, со кого зборуваме, кому му се јавуваме, во кои групи членуваме или кои се нашите интереси – Владата „големиот брат“ и „малите браќа и сестри“ во бизнис секторот се сè повеќе информирани за тоа. Како последица на тоа, недостигот на приватност и дискреција го загрозуваат нашето општество. Луѓето кои чувствуваат дека некој постојано ги гледа и набљудува се воздржуваат од заземање непристрасен и храбар став за одбрана на нивните права и за еднакво општество. Градови учесници Наводната полза во поглед на безбедноста, која често се користи за да се оправдаат мерките на надзор и контрола, е повеќе од спорна: прибирањето на информации за граѓаните не ја зголемува нашата заштита од криминалот, туку напротив, истата нè чини милијарди евра секоја година. Со тоа, конкретните и издржани безбедносни мерки добиваат споредно значење. Тоа исто така важи и за барањето на решенија за посериозните социјални проблеми, како што се невработеноста и нееднаквите можности во нашите земји. Разновидната агенда на реформата на безбедносниот сектор води кон сè поголема конвергенција на компетенции и соработка помеѓу полицијата, тајните служби и војската, заканувајќи се да ја намали поделеноста и рамнотежата на силите. Како резултат на тоа, законските ограничувања на надзорот се елиминираат, со што нашето општество е сè повеќе изолирано од остатокот од светот. Надзорот, како дел од секојдневниот живот влијае не само на малцинствата, туку на сите нас: надзорот ја компромитира нашата слобода на вероисповед, нашата слобода на изразување и информирање, слободата на печатот, слободата на здружување и интегритетот на бизнисите. Голем број на граѓански организации и професионалци се предмет на специјални мерки на надзор и контрола, на пример персоналот на советодавните служби, медицинските лица, членовите на синдикатите, новинарите и адвокатите. Почитувањето на нашата приватност, на работа и во домот, е важен дел од нашето човечко достоинство. Не може да постои слободно и отворено општество ако нема безусловни приватни простори и комуникации. На 12 септември, 2009 г, во знак на протест против безбедносното лудило и претераниот надзор, ќе излеземе на улиците во главните градови на многу земји. Ги повикуваме сите да се придружат на нашиот мирен протест. Политичарите ќе се уверат дека сме подготвени да излеземе на улица за да ги заштитиме нашите слободи! Најновите информации за протестите, како и листата на градови што учествуваат, можете да ги најдете на нашиот веб-сајт: http://wiki.vorratsdatenspeicherung.de/Freedom_Not_Fear_2009. |




